Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (2 април 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– мафијашки пресметки и подметнувања во институцијата што треба да се грижи за заштита на имотните права и интереси на државата;
– зошто сè уште не започнала изградба на ниедна од петте планирани регионални депонии – слика од терен и ставови на локалните и на централната власт;
– „Ќе имате избор – дали сакате да бидете во право или сакате да станете членка на Европската Унија“ – интервју со Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора, која има за цел во 2028 г. да стане членка на ЕУ;
– дали лидерот на партијата од која потекнува хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се согласува со неговата порака до Македонија дека има живот и надвор од ЕУ – „тука малку би се пошегувал и би рекол дека можеби има живот и вон Земјата, а можеби и нема“, вели Синиша Хајдаш Дончиќ;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
