Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко, се емитува вечерва (22 септември 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1
Во каква атмосфера работи Државната изборна комисија (ДИК), какви се односите меѓу членовите кои се избрани на предлог на различни политички партии, има ли тензии? Ова е едно од прашањата до претседателот на ДИК, Борис Кондарко, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. На една недела пред почетокот на кампањата за локалните избори, со Кондарко разговараме за тоа кои се деловите од Изборниот законик (менуван 32 пати во последните 19 години) кои предизвикуваат најмногу проблеми во работата на ДИК, дали Комисијата ги има потребните пари за спроведување на сите дејствија, колку „тежи“ договорот за печатење на гласачките ливчиња со битолската печатница „Киро Дандаро“, во каква кондиција се уредите за биометриска идентификација на гласачите, колкав е ризикот од гласање во име на друг или од т.н. „бугарски воз“… Неизбежна тема е и одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за правилникот и упатството на ДИК со кои се овозможија независни кандидатури со само два граѓански потписа.
Емисијата се емитува од 21:15 часот на МРТ 1.