Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (17 април 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
- Еден месец од трагедија во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани: Времето не ја намалува болката за загубените млади животи; градот живее безволно;
- Проширена истрага за „Пулс“: Обвинителството инсистира на мегаслучај и „долгорочен каузалитет”, експерти предупредуваат дека тоа е влегување во опасна зона;
- Кочани ги алармираше граѓаните да си го постават прашањето – дали се безбедни објектите во кои живеат – прва во низата стории на „360 степени” е за семејство кое, иако не се согласило, мора да живее во зграда градилиште:
- Има ли политика во одлуката на Советот на Струмица, на предлог на градоначалникот, да го разреши Организацискиот одбор на струмичкиот карневал;
- „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.