Првото издание на емисијата „360 степени“ од новата сезона, во која гостува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се емитува вечерва (15 септември 2025 г.) од 21:00 часот на МРТ 1
Во првото издание од новата сезона на емисијата „360 степени“, кое се емитува вечерва (15 септември 2025 г.) од 21:00 часот, гостува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тема е пожарот во објектот за електронски отпад во Трубарево, досегашните сознанија на полицијата, наводите на премиерот дека „вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот што следува, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа влада да успее“, како и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека зад пожарот стои „злосторничкото здружение СДС-ДУИ“.
Разговараме и за проектот „Безбеден град” и „Безбедна држава”. Ќе прашаме дали ќе се воведе конфискување возила за потешки сообраќајни инциденти. Тема е и објавата дека Панче Тошковски ќе магистрира на Правниот факултет при УКИМ со труд што се однесува токму на ова прашање. Разговараме и за:
– случајот со испитниот центар за возачки испити во Битола, кој му беше доделен на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево;
– тендерот за набавка на униформи за специјалците кој го следеа контроверзии;
– набавката на 120 возила „пежо 408“ за МВР;
Емисијата почнува во 21:00 часот на МРТ 1. Паралелно може да следите премиера на Јутјуб и лајвстрим на Фејсбук.