Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (26 февруари 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на „360 степени“ донесуваме:
– по изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, разговарале да се најде некаква варијанта за земјава до јуни: „Јас не сум вклучен во директните планови на г. Кошта, но можам да потврдам дека исто така одржав разговори во Скопје, но и овде во Брисел, кои укажуваат во насока на можно решение“, вели известувачот за С Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „360 степени“;
– како се живее во Киев четири години по руската инвазија – репортажа;
– како се спроведува Планската програма за почист воздух промовирана од Владата пред една и пол година – проверивме мерка по мерка;
– може ли и како да се регулира финансирањето кампањи од неучесници на избори во земјава;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
