Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (29 јануари 2026 г.) од 21:30 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– треба ли македонските граѓани да се надеваат дека веќе годинава ќе користат мобилен во ЕУ по цени како дома; „Во оваа фаза, нема утврден рок за завршување на процесот“, велат од Делегацијата на ЕУ;
– Балканот изгубил 2 450 километри недопрени реки во последните 12 години – заклучок од неодамнешно регионално истражување; што се случува со реките во Македонија;
– нов план и ново ветување за решавање на сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар во Скопје – градоначалникот Орце Ѓоргиевски е свесен дека „има оправдана доза на недоверба“, но уверува дека ќе го реши проблемот со паркирањето;
– температурите се ниски, но социјалниот термометар врие; работниците не можеа да ја чекаат пролетта, бидејќи за инфлацијата и сиромаштијата зимски сон нема – за и околу протестот во организација на ССМ;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 21:30 часот на МРТ 1.
