Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (2 јуни 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Зошто не слушаме ништо за најавата дека граѓаните ќе ги имаат личната карта и возачката дозвола на својот мобилен телефон – е едно од прашањата до министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1. Ја отвораме и темата за регулација на криптовалутите – дали Владата размислува во таа насока, дали поседувањето и тргувањето со криптовалути во овој момент е легално во земјава, дали пријавување на биткоини од функционер (пред ДКСК) е лесен начин за легализирање имот стекнат незаконски во текот на мандатот… Со Андоновски разговараме и за случаите со проблематични тендери во МДТ што ги отвори СДСМ, како и за именувањето на други членови на семејството Андоновски на позиции по смената на власта. Новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи или популарно закон за сајбер безбедност, се исто така предмет на дискусија.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.