Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (29 мај 2025 г.) од 21:30 часот на МРТ 1
Во ова издание на „360 степени“ објавуваме:
– Дали референците за признавање на македонскиот јазик и идентитет во извештајот за земјава на Европскиот парламент (ЕП) треба да се интерпретираат како исполнување на еден од предусловите на властите во Скопје за носење на уставните измени – интервју со известувачот за С Македонија во ЕП, Томас Вајц;
– Дали Општина Чаир го антидатирала решението за поништување легализација кое го достави во Катастар еден час откако градоначалничката на Скопје обвини за фалсификат;
– МПЦ-ОА и ИВЗ имаат огромен имот, но функционираат како „систем вон систем“ – истражување на БИРН;
– Можат ли македонските институции да ги следат роковите од Реформската агенда за ЕУ на кои се согласи Владата; како невладиниот сектор ќе го мониторира процесот;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 21:30 часот на МРТ 1.