Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се емитува вечерва (18 мај 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Зошто СДСМ инсистира на темата за уставни измени за внесување на Бугарите и дали е тоа игра на теренот на ВМРО-ДПМНЕ, е една од темите на кои разговараме со лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Филипче го прашуваме и како одговара на обвинувањата од власта за бугарофилство и за тоа дека е играч на Румен Радев. Колку беше паметна одлуката да се напушти работната група за Изборниот законик, можно ли е да го блокираат неговото донесување со филибастеринг, што по укинувањето на т.н. пржинска влада, кога ќе има избори, зошто ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има повисок рејтинг од СДСМ – се меѓу темите во интервјуто. Филипче го прашуваме и за внатрешните состојби во партијата, зошто не ја истераа(т) до крај процедурата за исклучување на Јово Деспотовски и Петре Шилегов, какво е влијанието на Зоран Заев… Неизбежно е и прашањето за случајот со увозот на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.
Емисијата се емитува од 20:15 ч. на МРТ 1.
