Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува потпретседателот на ДУИ и поранешен министер во неколку ресори и влади Бујар Османи, се емитува вечерва (7 јули 2025 г.) од 20:10 часот на МРТ 1
Дали премиерот на Албанија Еди Рама, со неодамнешните прошетка во скопската Стара чаршија во придружба на првенци на ДУИ и Арбен Таравари и средбата со Али Ахмети, ја преминува линијата на пристојност и (не)мешање во внатрешните работи на земјава – е една од темите на кои разговараме со потпретседателот на ДУИ и поранешен министер во неколку ресори и влади Бујар Османи, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени” на МРТ 1. Го прашуваме и дали ќе се кандидира за градоначалник на Чаир, дали Данела Арсовска е алтерего на ДУИ во обзнанувањето документи за незаконски легализации на дивоградби, дали Таравари ќе биде дел од предизборна коалиција со ДУИ, треба ли да има предвремени парламентарни избори напролет. Тема се и обвинувањата од премиерот Христијан Мицкоски дека тргањето на референците за македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот парламент се поради Бујар Османи и прифаќањето на т.н. француски предлог во 2022 година
Емисијата се емитува од 20:10 часот на МРТ 1.