Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (13 ноември 2025 г.) од 20:45 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата објавуваме:
– Треба ли поради грешки да се повлече учебникот по Македонски јазик за седмо одделение – експерти сметаат дека „општествено е поразително ова што ни се случува“, од Бирото за развој на образованието дека грешките „не го намалуваат квалитетот на учебникот“;
– По критиките од Европската комисија за финансиска зависност на судството, дали независен буџет по примерот на Собранието е можно решение;
– Природните перики што ги изработува Сашка Кузманова од Кавадарци не завршуваат само кај онколошки пациенти, туку и кај девојки чија кожа и коса настрадаа во трагичниот пожар во Кочани;
– Бизнис-дијагностика – прв чекор кон поуспешна компанија, зошто;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:45 часот на МРТ 1.
