Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (19 март 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новата епизода на „360 степени“ донесуваме:
– власта ги смени условите за добивање лиценца за испитен центар за возачки дозволи – министерот Панче Тошковски вели дека целта е демонополизирање, ексминистерот Оливер Спасовски смета дека ништо нема да се смени на подобро;
– Миле Цеков од ЗНАМ со различни ставови од партијата – дали мнозинството останува со пратеник помалку;
– што предвидува тендерот за народните кујни вреден 1,5 милиони евра, а што добиваат корисниците во реалноста – истражување на Центарот за граѓански комуникации;
– „Тие денеска покажаа дека лузните можеби остануваат, но не мора да ги дефинираат“ – репортажа од Кочани за оние што го преживеаја пеколот во „Пулс“ и борбата да се продолжи со животот;
– „Микрофонот е ваш“ – за финансирањето на партиите и нивните кампањи;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
