Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (23 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– По двете стории на „360 степени“ за масовното незаконско легализирање станбени згради во Општина Чаир, ОЈО Скопје отвори предмет по допрен глас;
– „NMK“ наместо „МК“ на сите знаци по главниот коридор во соседната држава која етничките Македонци ја сметаат за најпријателска – МНР реагирало до Србија за несоодветното користење на меѓународниот код за земјава;
– Средношколци од Кочани – први европратеници од С Македонија во Стразбур; Нивниот ментор Александар Михајлов – најупатен меѓу колегите од 22 земји членки и две кандидатки за тоа како функционира ЕУ;
– Ново одолговлекување на постапката за уривање на двете габаритни дивоградби на Пластичарска во Скопје – кој е посилен од законите во државава;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.