Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (30 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– За Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, разминувањето на Блинкен и Лавров, европските аспирации на С македонија, уставните измени, ставот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа, американската црна листа – интервју со помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан;
– Остри критики до власта, но и порака до опозицијата од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп – Северна Македонија опасно си игра со оган;
– Ги тестиравме големите политички партии – како ги трошат парите за редовното финансирање од државниот буџет, кој зема плата од тие средства и колку од нив трошат за младинските и униите на жени;
– Структурите што ги менаџираат фондовите на ЕУ лани работеа со 79% од оптималниот број вработени и со испразнети менаџерски позиции, предупредува Брисел – како да се запре трендот на заминување во приватниот сектор;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.