На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се одржа протест за поддршка на Украина од страна на членовите на здружението на Украинците во Македонија, кои маршот ќе го продолжат и пред руската амбасада.
Со украински знамиња и натписи против Путин и Русија, десетици членови на ова здружение во земјава порачаа дека сакаат да испратат порака за тоа што се случува моментално во Украина.
„Сакаме сите да знаат што се случува сега во Украина и што прави Путин таму. Киев е опкружен со војска, ситуацијата е многу лоша, навистина лоша“,
изјави еден од демонстрантите на новинарско прашање.
Дел од нив упатуваа и пораки како „стоп за војната“, а а некои со солзи во очите раскажуваа што им се случувало на нивни блиски кои моментално се наоѓаат во Украина.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата на протестот: