Руските сили го гранатираат вториот најголем украински град Харков, кој веќе со денови се наоѓа на удар на вооружените сили на Русија, објави на Твитер украинскиот дипломат и поранешен украински амбасадор во Австрија, Олександер Шерба.
„Кога паѓа мрак, доаѓа Путин“,
напиша Шерба на социјалните мрежи.
Тој објави и видео на од гранатирањето на Харков, а тврди дека снимката е направена вечерва.