Руското Министерство се уште не се огласи во врска со овие тврдења на Украина
Украинската Влада тврди дека денеска наводно уништиле уште еден руски воен брод, пренесуваат тамошните медиуми.
Министерството за одбрана на оваа земја соопшти дека украинскиот Бајрактар ТБ2 погодил руско воено пловило.
„Традиоционалната парада на руската црноморна флота на 9 мај оваа година ќе биде одржана во близина на Змискиот остров, на дното на морето“,
пишува во објавата на Твитер.
Руското Министерство се уште не се огласи во врска со овие тврдења на Украина.
За потсетување, откако во вечерните на часови на 13 април се запали, потона еден од најважните бродови на руската морнарница еден ден подоцна, при транспорт на пловилото до најблиското пристаниште во Севастопол.