Украинското Министерство за внатрешни работи објави снимка по вечерашното бомбардирање на училилиште во селото Билохоривка во регионот на Луганск, во чиј подрум се криеле 90 луѓе.
Украинските медиуми пишуваат дека 30 лица се спасени, а се стравува дека 60 се мртви.
„Русија направи брутално воено злосторство непосредно пред Денот на сеќавањата и помирувањата (украински назив за Денот на победата над нацизмот), константно повторувајќи ја трагедијата од Втората светска Војна“,
пишува украинското Министерство на Твитер.
Засега се уште не се утврдено дали навистина сите 60 лица во бомбардирањето во училиштето се мртви.