На социјалните мрежи е објавено и видео на кое се гледа како Зеленски му се јавува на градоначалникот и му вели дека се радува што му го слуша гласот
ОБНОВЕНО: Подоцна, во телевизиско обраќање се огласи и советничката за односи со јавноста на Зеленски, Дарја Заривнаја, која кажа дека градоначалникот бил ослободен откако Украина се согласила да направат размена на затвореници. За ослободување на Федеров, украинската страна испорачала девет заробени руски војници
Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федеров, за кој украинската страна тврдеше дека е киднапиран од руските сили пред пет дена, е ослободен, објавија советници на претседателот на Украина, Володомир Зеленски.
Откако соопштија дека Федеров е ослободен, украинските власти објавија и видео на социјалните мрежи од кое се гледа како Зеленски му се јавува на градоначалникот и му вели дека се радува што му го слуша гласот. Федеров од другата страна, пак, му се заблагодарува на претседателот што „не го оставил“ и кажува дека ќе му требаат еден или два дена да се заздрави, по што ќе може да придонесе во борбата за победа на Украина.
The mayor of #Melitopol of the #Zaporizhzhia oblast Ivan Fedorov was released from #Russian captivity.
— SSSCIP Ukraine (@dsszzi) March 16, 2022
On the video a conversation of the President @ZelenskyyUa with the mayor. #WARINUKRAINE #RussiaUkraineWar #RussiaInvadedUkraine #StopRussia pic.twitter.com/lJKMULUwf6
Подоцна, во телевизиско обраќање се огласи и советничката за односи со јавноста на Зеленски, Дарја Заривнаја, која кажа дека градоначалникот бил ослободен откако Украина се согласила да направат размена на затвореници. За ослободување на Федеров, украинската страна испорачала девет заробени руски војници. Војниците, според Заривнаја, биле млади војници родени помеѓу 2002-2003 година или, како што ги нарекла таа, деца.
Мелитопол беше еден од првите градови кои се најдоа на удар на руските сили кои го ставија под своја контрола.
Украинската страна ја обвини Русија дека прави воено злосторство со киднапирањето на градоначалникот, а во јавноста излезе и снима од безбедносни камери на која се гледаше како руските сили изнесуваат човек од зграда со кеса на главата, за којшто, Украина тврдеше дека е Федеров.