Четири лица се пронајдени мртви во болница во Потсдам доцна синоќа, а една жена е приведена, соопшти германската полицијата. Портпаролот на полицијата изјави дека биле повикани во клиниката „Оберлин“ околу 21 часот и покрај четворицата починати пронашле и едно лице кое било тешко повредено. Жртвите биле пронајдени во различни болнички соби.
„На жртвите се видливи траги од насилство“,
изјави Хајко Шмит, портпаролот на бранденбуршката полиција.
Причината за злосторството сѐ уште не е позната, но локалните германски медиуми јавуваат дека за грозоморниот чин е осомничена 51-годишна жена која била вработена во болницата, а жртвите биле пациенти.