Абдулкадир Уралоглу го објавил видеото за да го промовира автопатот Анкара-Нигде, но на снимката се гледа дека возел со значително поголема брзина од дозволените 140 км/ч

Министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое вози со 224 км/ч на автопат.
Видеото го споделил самиот Уралоглу за да го промовира автопатот Анкара-Нигде, но на снимката се гледа дека возел со значително поголема брзина од дозволените 140 км/ч.
Неговата објава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што корисници го критикуваа министерот за непочитување на сообраќајните правила.
По реакциите, министерот Уралоглу потврди дека бил регистриран од радар и казнет за пречекорување на брзината.
„Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и за кратко, несвесно, ја пречекорив брзината. Почитувањето на ограничувањата е обврска за сите“,
напиша тој, додавајќи дека во иднина ќе биде внимателен.