Директорот на ЦУК извршил увид на терен, со цел да се утврди соостојбата и да се дејствува превентивно за санирање на браната
Центарот за управување со кризи (ЦУК) алармира дека постои опасност од уривање на дел од браната „Липа“ кај Неготино и најавува мерки за санирање на состојбата.
Како што се соопштува, со цел да се утврди состојбата на терен и соодветно превентивно да се реагира, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, изврши увид на оштетената брана, која протекува од многу места и има опасност од рушење на дел од насипот.
Ангелов остварил средба со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа и со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи – Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината.
По непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувњесо кризи, се наведува во известувањето.