Ветровите со брзина од над 200 километри на час предизвикале огромни штети, срушиле цели населби, а најмногу настрадале оние што живеат во импровизирани засолништа
Стотици, а можеби и илјадници луѓе загинале откако циклонот Чидо ја погоди француската територија Мајот, остров во Индискиот Океан помеѓу Мадагаскар и брегот на Мозамбик, пренесува Ројтерс.
Ветровите со брзина од над 200 километри на час предизвикале огромни штети, срушиле цели населби, а најмногу настрадале оние што живеат во импровизирани засолништа.
Од циклонот Чидо се погодени и соседните острови Комори и Мадагаскар, а потоа продолжил и кон Мозамбик.
Според прогнозите на „Метео франс“, Чидо е најсилната бура што ги погодила овие острови во последните 90 години.
🌪️🚨 ¡Ciclón Chido Devasta Mayotte! 🚨🌪️
— RedClimáticaMundial (@Alerta_Noticias) December 14, 2024
🌀Se observaron ráfagas de al menos 226 km/h en el aeropuerto de Pamandzi. Estas devastadoras condiciones de viento son excepcionales y superan la intensidad de Kamisy (1984) y pueden compararse con ciclones históricos como el de 1934. pic.twitter.com/upM84a0uvs
На снимките на социјалните мрежи се гледа како силен ветер разнесува цели населби.
„Ова што го доживеавме е трагедија. Видов како исчезнува цела населба. Сè е срамното со земја“,
рече еден жител на островот.
Невремето го блокираше пристапот до островот, со што се отежнати доставувањето помош и потрагата по преживеаните.
#Chido 🌪️ Soutien aux Mahorais et à nos camarades mobilisés à #Mayotte. Des renforts de gendarmes seront déployés sur place pour appuyer les équipes engagées. pic.twitter.com/iiDAjcgprU
— Gendarmerie nationale (@Gendarmerie) December 15, 2024
Болниците пријавуваат многу повредени, а француските власти изјавија дека тешко може да се утврди бројот на жртвите.
„Изгубивме сè. Сликата е апокалиптична“,
рече друг жител.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретињо, кој најави дека ќе ги посети островите за да помогне во координацијата на спасувачките напори, рече дека циклонот бил исклучително сериозен.
Мајот има околу 320 илјади жители, од кои 70 отсто живеат во сиромаштија.