Одговарајќи му на пратеничкото прашање на Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ во кое тој побара од неа да го слушне гласот на граѓаните и да го повлече новиот концепт за образованието, министерката за образование Мила Царовска ја цитираше изборната платформа на ВМРО-ДПМНЕ во која тие како услов за модернизација и развој на образованието ветуваат негово дигитализирање и воведување дигитални учебници.
„Ја отворив вашата програма со која што трчавте на избори. Ги лажевте граѓаните, затоа што денеска зборувате против дигитализација, модернизација, осовременување на образованието, промена на системот на образование а притоа во вашата програма, во предговорот има дека образованието е неквалитетно, дека дава негативни резултати на сите меѓународни тестирања и не давате како ќе се подобри ама единствен момент кој што го имате и тоа е во проект 4 и проект 15 е дигитализацијата. Платформа за е-учење и подготовка на видео материјали од страна на наставниот кадар и дигитални учебници. Сето тоа за кое ние денеска зборуваме“,
рече Царовска.
