Зад кулисите на самитот на НАТО во Лондон, кој го одбележаа неколку значајни состаноци меѓу премиерите и претседателите, камерите забележаа како канадскиот премиер Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон го озборуваат Доналд Трамп во Бакингемската палата.
На видеоснимката Макрон е „фатен“ како со Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и со холандскиот Марк Руте говори за непознат соработник. Шегата се однесува на „40-минутна конференција“ поради која Макрон доцнел.
Според многумина, забелешката се однесува на состанокот Макрон-Трамп претходно тој ден.
„Штотуку видовте како членовите на неговиот тим (наводно на Трамп), останаа со отворена уста“, коментира Трудо.