Во синоќешната последна дебата пред изборите закажани за 3 ноември, претседателот на САД, Доналд Трамп, зборувајќи за неговите постигнувања изјави дека „направил најмногу од сите за црнечката заедница“, притоа споредувајќи се со Абрахам Линколн.
16 претседател на САД, Абрахам Линколн, важи за една од клучните фигури во американската историја кој успеа да ја зачува Федерацијата во екот на Граѓанската војна (1861-1865 г.), да го укине ропството, да ја зајакне моќта на федералната власт и да ја модернизира економијата на САД.
Еве дел од синоќешната дебата:
Трамп и Бајден, освен за расните проблеми, се судрија и за пандемијата во САД , а разменија и меѓусебни обвинувања за корупција. За разлика од првата дебата, кога кандидатите меѓусебно си упаѓаа во збор и разменија жестоки лични обвинувања, овојпат таа мина во помирен тон.