Прославата за 250-годишнината од американската армија се одбележа со воена парада, и тоа токму на роденденот на Трамп.
По најавените демонстрации, претседателот предупреди дека сите паралелни протести ќе бидат пречекани со жесток одговор
Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше домаќин на најголемата парада на војската во последните децении во Вашингтон, одбележувајќи 250 години од американската армија.
Тој порача дека Америка наскоро ќе биде поголема и посилна од кога било досега.

Парадата се проценува дека ќе чини до 45 милиони долари. Учествуваа околу 7 000 војници, 50 хеликоптери и борбени тенкови.
Илјадници луѓе се собраа во Вашингтон, иако дождот се чинеше дека ја намали посетеноста.
Истовремено, групите што се против Трамп организираа стотици демонстрации низ целата земја. Демонстрациите беа одржани како одговор на ретката воена парада, а дојдоа по неколкудневните протести во Лос Анџелес и на други места поради имиграциската политика на Трамп.
Протестите „Без кралеви“ од Лос Анџелес до Бостон се најголемите собири против претседателот откако тој е реизбран.

Прослави на 250-годишнината од американската армија се одбележа токму на роденденот на Трамп. Тој претходно предупреди дека сите паралелни демонстрации ќе бидат пречекани со жесток одговор.
Некои протести во Минесота беа откажани по атентатот врз демократски пратеник, за кој гувернерот на државата рече дека бил политички мотивиран.