Тој, исто така, посочи дека исходот во Иран ќе биде сличен на Венецуела. Во ист контекст, додаде и дека операцијата со Венецуела била готова за 45 минути, додавајќи дека САД во меѓувреме презеле стотици милиони барели нафта од земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп на вчерашната прес-конференција одржана во Белата куќа се пошегува дека би може да се кандидира за претседател на Венецуела, тврдејќи дека има повисок рејтинг од кој било друг политичар во јужноамериканската земја, пренесува „Фоксњуз“.

Ова тој го кажа за време на прес-конференцијата наменета за мисијата за спасување на офицерот на воздухопловните сили по соборувањето на борбениот авион над Иран.
Трамп рече дека може брзо да го совлада шпанскиот јазик и дека по завршувањето на актуалните обврски, би можел да отиде во Венецуела и да се кандидара за претседател на земјата.
„Граѓаните на Венецуела велат дека ако се кандидирам за претседател на Венецуела, имам повисок рејтинг од кој било друг досега во Венецуела, па откако ќе завршам со ова, можам да одам во Венецуела. Брзо ќе научам шпански. Нема да ми треба долго. Добар сум со јазиците и ќе одам во Венецуела. Ќе се кандидирам за претседател. Тоа е прекрасна опција за мене. Но, ние сме многу задоволни со новоизбраниот претседател што го имаме во моментов.“
рече тој.
Trump:
— Clash Report (@clashreport) April 6, 2026
I am polling higher than anybody has ever polled in Venezuela.
After I am finished with this, I can go to Venezuela, I can quickly learn Spanish, and I will run for president. pic.twitter.com/UPc6Nk0WCc
Трамп во говорот на прес-конференцијата, во неколку наврати ја спомена Венецуела, правејќи споредби меѓу успехот на спасувачката мисијата во Иран и апсењето на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро.
Тој, исто така, посочи дека исходот во Иран ќе биде сличен на Венецуела. Во ист контекст, додаде и дека операцијата со Венецуела била готова за 45 минути, додавајќи дека САД во меѓувреме презеле стотици милиони барели нафта од земјата.
На оваа тема Трамп зборуваше и за време на состанокот на кабинетот кон крајот на минатиот месец, кога рече дека можеби ќе се кандидира за претседател на Венецуела против в.д. претседателката Делси Родригез, која ја постави по заробувањето на Мадуро.
„Всушност, јас сум лицето со најголема поддршка. Со други зборови, по претседателскиот мандат, можеби ќе одам во Венецуела и ќе се кандидирам за претседател“,
рече тогаш тој.
Таквата можност, ја опиша и како одлична опција за него.
