Актуелниот американски претседател Џо Бајден даде контроверзен коментар нарекувајќи ги поддржувачите на Доналд Трамп „ѓубре“, како одговор на коментарот за Порторико што можеше да се слушне за време на митингот на републиканскиот кандидат во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, по изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек. Пред тоа на собирот дојде со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“,
им рече Трамп на новинарите.
На митингот тој потоа им се обрати на поддржувачите:
„Морам да почнам со тоа што ќе кажам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“,
рече тој реферирајќи на изјавата на Џо Бајден – кој, како што подоцна се обиде да објасни – во гаф, ги нарече поддржувачите на Трамп „ѓубре“.
TRUMP ARRIVES FOR CAMPAIGN RALLY IN A GARBAGE TRUCK!
— J Stewart (@triffic_stuff_) October 30, 2024
“How do you like my garbage truck? This truck is in honor of Kamala and Joe Biden.”
“For Joe Biden to make that statement — it’s really a disgrace” pic.twitter.com/jA9nEQKvCg
Актуелниот американски претседател Џо Бајден даде контроверзен коментар нарекувајќи ги поддржувачите на Доналд Трамп „ѓубре“, како одговор на коментарот за Порторико што можеше да се слушне за време на митингот на републиканскиот кандидат во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
Бајден зборуваше на настан наменет за Латиноамериканците, каде што одговори на коментарот на комичарот Тони Хинчклиф, кој рече дека Порторико, американска територија, е „остров за отпадоци“.
„Порториканците во мојата родна држава Делавер се добри и чесни луѓе. Единственото ѓубре што го гледам се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Порториканците е неамериканско и навредливо. Тоа е целосно спротивно на сè што направивме и сè што сме“,
рече Бајден во разговор со претставниците на шпанската Американска организација за анимација на гласачите Вото Латино.
Во својот одговор администрацијата на Бајден се обиде да ја разјасни неговата спорна изјава односно дека рекол оти поддршката на Трамп за ваквата реторика е ѓубре и дека тој не мислел на неговите поддржувачи.
Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи.
„Претходно денес ја нареков ѓубре реториката полна со омраза за Порторико која ја исфрли поддржувач на Трамп на неговиот собир во ‘Медисон сквер гарден’ – што е единствениот збор на кој можам да се сетам за да го опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е сè што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не одразуваат кои сме ние како нација“,
напиша тој на Икс.