Според информациите на локалните власти, помеѓу загинатите е и 18-месечно бебе
Најмалку четири лица загинаа, а триесет се тешко повредени откако се урна трибина во арената во Еспинал, град во централна Колумбија, соопштија локалните власти. Несреќата се случила за време на популарен спектакл со бикови.
„Загинаа четири лица, две жени, еден возрасен маж и едно дете“
, соопштија локалните власти, додавајќи дека над 300 лица се повредени.
Бикот наводно побегнал од коридото, каде бил домаќин на спектаклот и предизвикал паника на улиците во Еспинал во Толима, град од речиси 60 000 луѓе, оддалечен околу 145 километри од колумбиската престолнина Богота, пренесе Гардијан.
Тамошната министерка за здравствто, Марта Паласиос, соопштила дека 322 лица ги посетиле локалните јавни и приватни болници по несреќата. Таа истакнала и дека е загинато бебе кое имало 18 месеци.
Новоизбраниот претседател на Колумбија, Густаво Петро, ги повика локалните функционери да ги забранат овие настани.
„Го повикувам градончалникот да не дозволува вакви настани на кои умираат луѓе или животни. Ова не е првпат да се случи ваква несреќа“,
истанал Петро.