Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар, пренесуваат повеќе светски медиуми.
„Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата ‘Мама Абду Азиз Си Дабак’ во Тивауан“,
напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена на Твитер, кој инаку е во државна посета на Ангола.
Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избувнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“.
Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар за приватната телевизија ТФМ, изјави дека првичните информации од истрагата укажуваат дека причина за трагедијата е краток спој во електричната инсталација на објектот.