Викендов во Охрид, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, со посредство на Европската Унија се согласија за Анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни
Активисти на Социјалдемократската партија (СДП) фрлаа торта и милкшејк кон Бесник Бислими, вицепремиер на Косово и главен преговарач на Приштина во дијалогот со Белград, затоа што прифатил да се формира Заедница на српски општини (ЗСО).
Демонстрантите повикаа на протест в сабота.
PSD activists threw a cake and milkshake at Kosovo’s Deputy PM Besnik Bislimi for accepting the Association of Serb Municipalities.
— kos_data (@kos_data) March 21, 2023
PSD has also called for protests on Saturday.pic.twitter.com/yUcw7FChG6
„Торта и милкшејк за ‘Заедницата’. Се радуваат оние што го прифатија тое! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме на ова и масовно ќе бараме оставка, затоа протестираме во сабота во 14 часот“,
напиша на Фејсбук Дардан Молиќај, лидер на СДП.
Викендов во Охрид, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, со посредство на Европската Унија се согласија за Анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.
„Овој исход дојде по многу тешки преговори, не се преговара 12 часа за едноставни работи. За да се имплементира членот 7 од договорот, Косово се согласи веднаш да започне преговори со ЕУ во рамките на дијалогот за воспоставување на аранжмани за обезбедување соодветна самоуправа за српската заедница на Косово. Страните, исто така, се согласија да ја поддржат декларацијата за исчезнатите лица како што беше преговарано во рамки на дијалогот како прашање кое е итно“,
соопшти по средбата високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел.