Полицајците наводно се обидувале да ја демонтираат експлозивната направа, по што таа експлодирала

Најмалку двајца полицајци загинале во експлозија на аеродром во Колумбија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, станува збор за терористички напад на меѓународниот аеродром „Камило Диаз“, кој се наоѓа во близина на границата со Венецуела.
„Спутник“ пренесува дека лицето кое носело експлозив било забележано во близина на пистата.
Како што соопштуваат надлежните органи, две осомничени лица влегле во аеродромот, а еден од нив оставил експлозивна направа.
Колумбиските власти пренесуваат дека во првата експлозија настрадало и лице кое носело експлозивна направа, додека во втората загинале и двајца полицајци, пренесува „РИА новости“.
Полицајците наводно се обидувале да ја демонтираат експлозивната направа, по што таа експлодирала, јавува „Спутник“.
Локалните медиуми во Колумбија повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека зад нападот стојат терористи, иако се уште нема детали за која терористичка група поточно станува збор.