Другите гости во емисијата, меѓу кои и поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук и поранешниот претседател Петро Порошенко, ги молеле тепачите да престанат. По неколку минути борба на подот во студиото, успеале да ги разделат
Новинарот Јури Бутусов и пратеникот од про-руската партија „Платформа за живот“, Нестор Шуфрич, се степаа среде гостување во дебатната емисија „Слобода на говор“.
Жестоката дебата се претвори во физичка пресметка кога Шуфрич истакна дека „Платформата за живот“ е втора најсилна партија во парламентот, како и дека „народот на Украина ја поддржува неговата страна“.
Бутусов тогаш, членовите на „Платформата за живот“ ги нарече предавници и ги обвини за предавство и ширење руска пропаганда и наративи во Украина.
Водителот на емисијата што се емитуваше во живо, се обиде да ја смири ситуацијата, нагласувајќи дека „на судот е да одлучи дали некој е предавник“, но, не успеал, бидејќи Бутусов брзо му пришол на Шуфрич и го удрил во лицето.
Шуфрич станал да возврати, но и двајцата паднале на подот.
Другите гости во емисијата, меѓу кои и поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук и поранешниот претседател Петро Порошенко, ги молеле да престанат. По неколку минути борба на подот во студиото, успеале да ги разделат.
Кога ситуацијата малку се смирила, Шуфрич го напуштил студиото на неколку минути, а потоа се вратил и му рекол на ривалот дека е „обичен провокатор“.