Бугарската полиција, од безбедносни причини, не дозволи лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица, Димитар Апасиев, да дојдат на плоштадот, иако беше предвидено и тие да положат цвеќе пред спомениците
Претходно, веднаш по завршување на свеченоста, дојде до вербален инцидент меѓу Мицкоски и граѓанин, кога гостите и домаќините се упатуваа кон споменикот на таткото на Гоце Делчев
Денеска во Благоевград додека на една локација се отвораше македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, на градскиот плоштад група граѓани, предводена од бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, провокативно скандираа кон гостите и не дозволуваа да се положат цвеќиња пред спомениците на плоштадот.
На плоштадот се скандира „Бугарите и Македонците се еден народ“, а се извикуваат и имињата на Гоце Делчев, Тодор Александров, Даме Груев, Ванчо Михајлов.
„Хероите не умираат“, извикува групата, а на плоштадот е присутна и полицијата.
Таа, од безбедносни причини, не дозволи лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица, Димитар Апасиев, да дојдат на плоштадот, иако беше предвидено и тие да положат цвеќе пред спомениците.
Дел од гостите на отворањето на Клубот, граѓани и организатори на денешната манифестација во клубот „Никола Вапцаров“, меѓу кои и шефот на кабинет на Претседателот, Миле Бошњаковски, сепак, дојдоа на плоштадот, но цвеќињата ги положија малку подалеку од спомениците.
Претходно, веднаш по завршување на свеченоста, дојде до вербален инцидент меѓу Мицкоски и граѓанин, кога гостите и домаќините се упатуваа кон споменикот на таткото на Гоце Делчев.
Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“.