Отчукувањето на полноќ не предизвика речиси никаква еуфорична реакција кај посетителите, кои само продолжија да го снимаат настанот стоејќи мирно со своите телефони в рака

Едно од најпопуларните видеа од дочекот на новата 2024 година, кое веќе трет ден вирално се шири на социјалните мрежи, доаѓа од Париз, Франција.
Илјадници луѓе се собраа на познатата авенија Елисејски полиња и го гледаа одбројувањето на Триумфалната порта. Поточно – гледаа во своите телефони додека ги снимаа последните секунди на часовникот и огнометот што следуваше потоа.
VIDEO: Footage from New Year’s celebrations in Parispic.twitter.com/QJICqHgPdf
— The Spectator Index (@spectatorindex) January 2, 2024
Од видеозаписот што го објави страницата „Но контекст хјуманс“ (Луѓе без контекст) на мрежата Икс (поранешен Твитер), а го пренесе „Спектатор индекс“, се гледа дека отчукувањето на полноќ не предизвика речиси никаква еуфорична реакција кај посетителите, кои само продолжија да го снимаат настанот стоејќи мирно со своите телефони в рака. Дури и насловот вели – „Ниту еден човек не живее за моментот“. Видеото веќе има околу 25 милиони прегледи и 12 илјади реобјави.
Содржината предизвика многу дебати на социјалните мрежи за тоа како денешните генерации го живеат животот под влијание на интернет-културата.