На потпишувањето на Преспанскиот договор пред две години во Нивици (Псарадес) запознав фасцинантен лик – Анастасиос Диманопулос кого го викаат Тасо. Како и повеќето жители на селото, и тој е рибар, а издава и соби на туристи. Додека останатите мештани мене и на снимателот ни ги „трескаа вратите“ кога ги прашувавме што мислат за Договорот, Тасо пред нашата камера, на тамошниот македонски дијалект, рече вака:

„Најдоброто нешто што требаше да се направи пред многу години. Ова е нешто историско. Да се запознаат луѓето едни со други. Најдобро нешто што треба да се запише во историјата на Балканот. Сите на Балканот треба така, во сите држави, за да си поминеме убаво“ , рече Диманопулос.
Погледнете ја целата репортажа на „360 степени“ направена на денот на потпишувањето на Договорот.