На социјалните мрежи се појави видео од кое може да се заклучи дека тие со вакво нешто прв пат се соочуваат
Ситуацијата во Авганистан се менува од минута во минута, а целиот свет со голема вознемиреност ги следи тековните настани во оваа земја.
И додека луѓето се обидуваат да побегнат од Талибанците, тие полека преземаат се во Авганистан.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се прикажани Талибанците во фитнес-сала во американската база во Кабул. Од она што се гледа, може да се заклучи дека тие со вакво нешто прв пат се соочуваат.
Тие дури и не знаеја како да користат одредени уреди. И додека другите Талибанци „трчаа“ низ собата, еден од нив го снимил сето тоа.