Вакцините се огромна надеж за промена на текот на пандемијата, порача првиот човек на СЗО, на годишнината од пријавата на првиот случај на белодробна инфекција од непозната причина во Кина
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус ги повика денеска сите земји да обезбедат, вакцините против коронавирусот да бидат достапни до загрозените насекаде низ светот, а не само за богатите држави.

Гебрејесус побара да се донираат четири милијарди долари за купување на вакцини против ковид-19 и дистрибуција во земји со ниски и средни приходи преку системот Ковакс.
„Тоа е предизвик на кој мора да одговориме во новата година“,
истакна Гебрејесус во видео-порака, еден ден пред одбележување на годишнината откако Кина до СЗО ги пријави првите случаи на воспаление на белите дробови од непозната причина.
Тој оцени дека вакцините се огромна надеж за менување на текот на пандемијата. Но за да се заштити светот, тој истакнува дека мора да се обезбеди вакцинирање за сите луѓе кои се во опасност насекаде низ светот, а не само во државите кои можат да ја набават вакцината.
