Улиците во Западен Палм Бич, Флорида, САД се речиси празни и покрај тоа што се уште нема стриктни забрани на движењето, вели иселеникот од струмичко Кирил Петров. Доцна попладнево (по македонско време) тој објави видео на социјалната мрежа Инстаграм, во кое на свој духовит начин ја пренесува сериозноста на атмосферата во тој дел САД.
Според интернет-страницата worldmeters.info, Соединетите Американски Држави, во моментов, се убедливо прва земја во светот според бројот на дијагностицирани лица со ковид-19. Последната бројка е 133 146 заразени лица, додека бројот на починати изнесува 2 363.