Силна експлозија одекна денеска во складиште за оружје во главниот град на Судан, Картум. Според информациите на Министерството за внатрешни работи досега немаат информации за повредени или жртви. Не се знае ниту колкава штета е направена.
Суданските власти се обидуваат да ја утврдат причината за експлозијата којашто се случила во магацин за оружје во сопственост на армијата.
На видео кое е објавено на социјалните мрежи се гледа огромен пламен и облаци од експлозијата.