Според претставници на палестинското министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, во нападот се убиени и повредени најмалку 500 луѓе. Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус остро го осуди нападот на баптистичката болницата Ал-Ахли Араб во Газа. Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по смртоносниот напад, објавија палестинските медиуми
Стотици луѓе се убиени и повредени во напад на баптистичката болница Ал-Ахли Араби во Газа, пренесуваат светските медиуми.

Засега нема прецизни податоци за смртониот биланс од нападот, како ниту за тоа кој е одговорен за бомбардирањето на болницата и големиот број жртви и повредени.
Бројките кои доаѓаат од терен и кои ги пренесуваат свестките медиуми, како што пишува Гардијан, се доста флуидни и се движат од 200 до најмалку 500 загинати луѓе, според досегашните извештаи.
Според соопштение на Министерството за здравство кое е под контрола на Хамас во нападот врз болничкиот комплекс загинати се помеѓу 200 и 300 луѓе, додека пак шефот на цивилната обрана на Газа во изјава за Ал Џезеира вели дека станува збор за повеќе од 300 лица.
Според последните информации што ги соопштил претставник на Министерството за здравство во Газа билансот е најмалку 500 загинати и повредени.
„Стотици жртви сè уште се под урнатините“,
се додава во соопштението од палестинското министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, пренесува Гардијан.
Live scenes, Killing Over 500 innocent civilians by Israel is unjustified.
— Vinay Upadhyay (@vinay_sir_ji) October 17, 2023
The Baptist Hospital (Al Ahli Arab Hospital) in central #Gaza.
Gaza Health Ministry says 500 Palestinians have been massacred so far.
In Gaza hospitals you can find hundreds of people sitting there,… pic.twitter.com/o8FmpgQjVv
За нападот на болницата Хамас го обвини Израел.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари првично не дал коментар на обвинувањата за бомбардирањето на болницата.
Во соопштение објавено подоцна, а на кое се повикува Ај24Њуз (i24News), Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека нивната првична истрага покажала дека експлозијата во болницата во Газа била предизвикана од неуспешно истрелување на ракета од страна на палестинска милитантна група.
? IDF says the explosion at the Al-Ahli Baptist Hospital in Gaza was caused by a failed rocket launch by the Palestinian Islamic Jihad terror group, according to its analysis of a rocket barrage that occurred at the time of the explosion
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) October 17, 2023
Претходно денеска, палестинската агенција за бегалци на Обединетите нации соопшти дека најмалку шест лица загинале по напад на училиште во бегалскиот камп Ал-Магази во Газа.
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) остро го осуди нападот врз болницата Ал-Ахли Араб во Газа.
Во изјавата објавена на социјалните мрежи, Тедрос Аданом Гебрејесус напиша:
„Повикуваме на итна заштита на цивилите и здравствената заштита, како и да се укинат наредбите за евакуација“
.@WHO strongly condemns the attack on Al Ahli Arab Hospital in north Gaza.
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) October 17, 2023
Early reports indicate hundreds of deaths and injuries.
We call for the immediate protection of civilians and health care, and for the evacuation orders to be reversed.#NotATarget https://t.co/6I4t99WV03
Висок претставник на Хамас за Ен-би-си Њуз изјавил дека групата е подготвена да ги ослободи сите израелски цивили кои ги држи како заложници во рок од еден час доколку Израел прекине со бомбаридрањата на Газа.
Хамас денеска потврди дека држи 199 заложници кои групата ги зеде под нападот на Израел на 7 октомври.
Претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, прогласи тридневна жалост по смртоносниот напад, објавија палестинските медиуми.

Нападот врз болницата, како што посочува Гардијан доаѓа еден ден пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Израел.
Американскиот претседател, исто така, ќе замине во Аман на разговори со јорданскиот крал Абдула, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, во обид да се спречи уште поголема хуманитарна катастрофа и регионална војна во која може д бидат вовлечени Иран и Соединетите Американски Држави.
Посетата на Бајден ја најави американскиот државане секретар Ентони Блинкен, по повеќе од седум часа разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот кабинет за национална безбедност вчера.
Таа доаѓа откако САД соопштија дека постигнале договор со владата на Нетанјаху за обезбедување хуманитарна помош и безбедни зони за повеќе од два милиони луѓе во Газа кои се соочуваат со постојани бомбардирања и на кои итна им е потребна вода, храна и медицинска помош.
Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, како што изјавил висок палестински функционер ја откажал средбата со Бајден по нападот на болницата во Газа.
Палестинскиот функционер рекол дека Абас се враќа во Рамалах, седиштето на неговата влада на окупираниот Западен Брег, пренесува Ројтерс.