Во текстот на хрватскиот портал Морски.хр, кој ја објави вести, се вели и дека нејзиниот дедо по татко е Хрват по националност, роден во Стара Башка, кој се борел со југословенските партизани во текот на Втората светска војна, а по војната бил потполковник во армијата
Додека српскиот претседател Александар Вучиќ изјавува дека нема да оди на море во Хрватска додека е жив, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека не ја посетила својата куќа на островот Крк во Хрватска, уште од 2016 година, од кога е избрана во Владата, најпрво како министерка за државна управа, а потоа и како премиерка. Но, на итнернет кружи снимка од времето кога Брнабиќ не беше позната, а на кое се гледа како таа недозволено управува глисер, пишува Морски.хр.
Хрватскиот портал пишува дека иако Брнабиќ изјавувала дека за неа „во овој момент не е добро да летува во Хрватска“, сепак во минатото престојувала на островот Крк, каде наследила имот во Стара Башка.
Во текстот се вели и дека нејзиниот дедо по татко е Хрват по националност, роден во Стара Башка, кој се борел со југословенските партизани во текот на Втората светска војна, а по војната бил потполковник во армијата.
На социјалните мрежи објавено е и видео кое го забележале камерите на Нова ТВ, а кое датира од 2010 година, кога таа не беше позната во јавноста, а во кое се гледа како таа е фатена од страна на поморската полиција како недозволено управува глисер во Хрватска.
„Се упативме со чамец како што е вообичаено на оваа плажа, каде нема многу пливачи. Во еден момент почнав да се движам малку побрзо“,
им објаснува тогаш Брнабиќ на хрватските полицајци и на телевизиската екипа, пренесува Морски.хр.
Во продолжение погледнете го видеото: