За време на концертот во Велес пејачката во еден момент го подигна националното знаме на Бугарија и го наметна на себе, што предизвика бурни реакции од публиката. Во прв момент пејачката изгледа збунето поради добиените свирежи и довикувања од присутните, а потоа се обидува да ја смири ситуацијата, по што го подигнува македонското знаме
Концертот на српската фолк пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца, одржан вчеравечер во Спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес заврши со бурни реакции од публиката, откако пејачката во еден момент додека е на бината го подигна националното знаме на Бугарија и го наметна на себе.

Видеоснимки од инцидентот се објавени на социјалните мрежи.
СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK
— Булевар.мк (@bulevarmk) October 31, 2025
Потегот предизвика бурни реакции од публиката која веднаш почна да ја исврикува пејачката.
Во тој момент до неа се приближува еден од присутните на бината, најверојатно нејзин соработник, и ѝ сугерира да го тргне знамето. Според видеата објавени на социјалните мрежи, пејачката во прв момент изгледа збунето, а подоцна се обидува да ја смири публиката. По инцидентот, таа на бината го подигна македонското знаме.

Во врска со инцидентот засега не се огласи ниту пејачката ниту организаторите на настанот.
