На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека во моментот кога водата влегла во сплавот имало гости, но тие успеале да излезат навреме

Сплавот „Боем“, на кејот на реката Дунав во градот Смедерево, во текот на ноќта потонал до половина, пренесуваат српските медиуми.
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека во моментот кога водата влегла во сплавот имало гости, но тие успеале да излезат навреме.
Според информациите што ги пренесува српскиот национален сервис РТС, при потонувањето на сплавот нема повредени гости, а веднаш по добиените информации екипи на противпожарната единица излегле на терен.
Засега не е позната причината за потонувањето на сплавот.