Како што соопштија од ЦУК, успешната спасувачка акција ја реализирале Дарко Недановски и неговиот колега, Иван Атанасовски, двајцата членови-доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“
Двете девојки биле пронајдени и извлечени во 17.15 часот и, како што информираат од ЦУК се во добра здравствена состојба. Недановски известил дека дека тие имале само неколку гребнатини на рацете
Членови-доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп, денеска во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) спасиле две туристки од Полска, кои паднале во пресек од карпа над провалија кај манастирот „Трескавец“.

Двете девојки биле пронајдени и извлечени во 17.15 часот и, како што информираат од ЦУК се во добра здраствена состојба. Еден од спасувачите известил дека дека тие имале само неколку гребнатини на рацете.
Како што соопштија од ЦУК, успешната спасувачка акција ја реализирале Дарко Недановски и неговиот колега, Иван Атанасовски, двајцата членови-доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“.
Недановски е познат по многу спасувачки и истражувачки акции во земјава и странство и е држвен рекордер во спуштање во длабочина, а е претседател и на Спелолошката федерација на С Македонија.
Според Центарот за управување со кризи, денеска во 16 часот двете млади девојки од Полска преку Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112 побарале помош откако движејќи се од манастирот „Трескавец“ кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опсаност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи, но заостанале зад останатите додека се враќале од посетата на манастирскиот комплекс.
„Известени сме дека покрај доброволното друштво „Златоврв“ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) во 16.10 часот, а за случајот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола)“,
стои во соопштението на ЦУК.
