Според Спировска, насилникот не бирал ни време ни место, ја тепал младата Ивана и пред влезот и во лифтот, дури и во часот по полноќ еднаш го слушнала девојчето како викало: „Немој тато, ќе ја убиеш мама“
Тања Спировска, сосетка на мајката и ќерката кои вчера беа пронајдени починати по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе, во изјава за „Слободен печат“ вели дека врз настраданата жена повеќе месеци било вршено семејно насилство.

Таа сведочи дека неколку пати го пријавила во полиција насилниот сосед, полицијата два пати дошла по пријава, но не презеле ништо бидејќи, како што ѝ рекле, жртвата го пријавила насилството. Полицајците еднаш ѝ се заканиле на Спировска дека ќе добие пријава за лажно пријавување кривично дело и сакале да приведат друг сосед кој немал никаква врска со случајот.
Таа проверила и во полициската станица „Карпош“ зошто ништо не било преземено по нејзините пријави.
„Во полициска станица востановивме дека они не можат ништо да направат додека она не пријави. Викам, добро, дали треба да дочекаме убиство па потоа да се случи нешто? Има пријави и од управителот од зградата и речиси од сите соседи во последните седум-осум месеци“,
вели Спировски.
Според Спировска, насилникот не бирал ни време ни место, ја тепал младата Ивана и пред влезот и во лифтот, дури и во два часот по полноќ еднаш го слушнала девојчето како викало: „Тато, ќе ја убиеш мама“.
„Она беше мирна, тивка, во земја гледаше кога поминуваше. Имаше случај кога во два часот по полноќ девојчето викаше – немој тато, мама ќе ја убиеш. Сè се слушаше, изолацијата е таква. Цела зграда вчера бевме во шок. Што размислувала вчера во тој момент, што барала, никој не знае“,
изјави Спировска.
Според она што го знаеле како соседи, насилникот бил пожарникар и ѝ бил познат на полицијата, меѓу другото и по пријавуваното насилство.
