Во моментов сообраќајот се одвива само на една коловозна лента. Останатите ленти се блокирани од товарни возила. Колона од возила почнува од наплатната рампа кај Петровец
Сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово спроти рафинеријата ОКТА се случи вечерва меѓу автомобил и товарно возило, информира новинар на „360 степени“ од местото на настанот.
Веќе час и половина сообраќајот се одвива само по една коловозна лента. Останатите ленти се блокирани од товарни возила. Застојот почнува од наплатната рампа кај Петровец.
Според сознанијата на нашиот новинар, сообраќајката се случила меѓу автомобил и камион, и двата со кумановски регистарски таблички.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) сè уште немаат соопштено официјални инфомации за оваа незгода.