Хрватското Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот соопшти дека на градилиштето на „Вјесник“ се изведуваат работи за отстранување на северните конзоли до седмиот кат, со цел да се растовари конструкцијата и да се овозможи пристап за машините, со цел да започне со отстранување на објектот
Почна отстранувањето на дел од катовите на деловната зграда на хрватскиот весник „Вјесник“ во Загреб, пренесуваат хрватски медиуми. Со тоа, се реализира нова фаза од рушењето на зградата, која беше еден од најпрепознатливите симболи на хрватската новинарска и издавачка дејност.

Висококатницата беше уништена во пожар што избувна на 17 ноември минатата година.
Денеска се отстрануваше четвртиот кат на северната страна од висококатницата, додека трите долни ката веќе се делумно отстранети. Со тоа, се врши постепеното рушење на зградата, кое почна кон крајот на март.
Хрватското Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот соопшти дека на градилиштето на „Вјесник“ се изведуваат работи за отстранување на северните конзоли до седмиот кат, со цел да се растовари конструкцијата и да се овозможи пристап на машините, со цел да започне со отстранување на објектот.
На 17 ноември околу 23 часот избувна пожар во една од најголемите и најпознатите деловни згради во Загреб, која е во мнозинска сопственост на државата.
Солитерот, кој некогаш беше симбол на новинарството и на Загреб, е висок 67 метри и има 16 ката. Неговата изградба траеше девет години, од 1963 до 1972 година. Изминатите 20 години некогашното седиште на дневниот весник „Вјесник“ беше претежно празно и запуштено, со само повремено користење на канцелариите.
