Засега не се знае кој точно го фрлил предметот кон неа, но според распоредот на седиштата може да се претпостави дека ја погодил некој нејзин колега од СНС
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири се повредени три пратенички, од кои една доживеала мозочен удар.
„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар, кога пратениците од опозицијата фрлија врз неа шок-бомба. Нејзиниот живот е во опасност“,
рече Брнабиќ.
Пратеничката во моментов е во болница, а Вучиќ веднаш се упати таму и објави фотографијата на Инстаграм со неа.
На социјалните мрежи беше објавено видео од моментот кога, најверојатно, шише ја погоди Обрадовиќ во главата.
Засега не се знае кој точно го фрлил предметот кон неа, но според распоредот на седиштата може да се претпостави дека ја погодил некој нејзин колега од СНС.
Evo kako je i ko je povredio Jasminu Obradović. pic.twitter.com/jBe91l6xDA
— Saša Popović (@SasaPopovich) March 4, 2025
Димни бомби, тепачка и општ хаос го означија почетокот на денешната седница на српскиот парламент, објавија белградските медиуми.
Танјуг пренесува дека нередите избувнале кога пратениците од опозицијата се упатиле кон масата на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, но собраниското обезбедување ги спречило да го направат тоа.
Потоа, јави Танјуг, опозиционерите запалиле димни бомби, фрлиле солзавец и развиориле транспарент на кој пишувало „Србија се крева за да падне режимот“.
Брнабиќ им порача на опозиционерите дека единствениот начин да ја запрат работата на владата за подобра Србија е „така што ќе нè убијат“.
Ситуацијата во парламентот во меѓувреме донекаде се смирила, пишуваат српските медиуми.